beautypg.com

Epson AcuLaser CX37DNF User Manual

Page 167

background image

❏ Проверете дали кабелот за напојување ги исполнува релевантните локални безбедносни

стандарди. Користете само кабел за напојување што доаѓа со овој производ. Употреба на
друг кабел за напојување може да резултира во оган или електричен удар. Кабелот за
напојување на овој производ е за употреба само со овој производ. Употреба на друга опрема
може да резултира во оган или електричен удар.

❏ Ако се оштети приклучокот, заменете го целиот кабел или консултирајте се со

квалификуван електричар. Ако има осигурувачи во приклучокот, заменете ги со
осигурувачи со правилна големина и рангирање.

❏ Користете заземјен приклучок што соодветствува на кабелот за напојување на печатачот.

Не користете приклучок со адаптер.

❏ Избегнувајте да користите електричен приклучок којшто се контролира со ѕидни

прекинувачи или автоматски тајмери. Ненадеен прекин на напојување може да избрише
вредни информации од меморијата на компјутерот и печатачот.

❏ Погрижете се да нема прашина на штекерот.

❏ Погрижете се да го вметнете приклучокот целосно во електричниот штекер.

❏ Не ракувајте со приклучокот со влажни раце.

❏ Исклучете го печатачот од ѕид и побарајте помош од квалификуван сервисер во следните

случаи:

A.

Кога кабелот за напојување или приклучокот се оштетени или изгорени.

B.

Ако се истурила течност во него.

C.

Ако бил изложен на дожд или вода.

D.

Ако не работи нормално кога се следат инструкциите за работа. Прилагодете ги
само оние контроли кои се покриени со инструкциите за работа бидејќи
неправилно прилагодување на други контроли може да резултира во оштетување и
честопати изискува напорна работа на квалификуван техничар за да го врати
производот во нормална работа.

E.

Ако паднал или апаратот е оштетен.

F.

Ако покажува значителна промена во изведбите што посочува на потреба од
сервисирање.

❏ Избегнувајте заеднички приклучок со други уреди.

Epson AcuLaser CX37 Series Safety Information Guide

Безбедносни упатства 3