Мрежна врска – Samsung PS51E550D1W User Manual
Page 255

М
акедонски
Мрежна врска
Мрежна врска - безжична
Можете да го поврзете телевизорот на вашата LAN мрежа преку стандарден безжичен рутер или модем. За
безжично поврзување, прво мора да го приклучите “адаптерот за безжичен LAN од Samsung” (WIS09ABGNX
или WIS12ABGNX - се продава одделно) на кој било USB приклучок на вашиот телевизор. Погледнете ја сликата
подолу.
LAN кабел (не се испорачува)
Приклучок за LAN
на ѕидот
Безжичен IP разделник
(рутер со DHCP сервер)
Адаптер за безжичен
LAN од Samsung
или
Странична ТВ плоча
Адаптерот за безжичен LAN од Samsung ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g и n.
Samsung препорачува користење на IEEE 802.11n. Кога репродуцирате видео запис преку врска со IEEE
802.11b/g, можно е видео записот да не се репродуцира рамномерно.
Повеќето безжични мрежни системи се одликуваат со безбедносен систем кој од уредите кои пристапуваат
на мрежата преку пристапна точка или безжичен рутер (најчесто безжичен IP разделник) бара да емитуваат
шифриран безбедносен код наречен клуч за пристап.
Ако го изберете режимот Pure High-throughput (Greenfield) 802.11n, а видот на шифрирање за вашиот безжичен
рутер го поставите на WEP или TKIP, телевизорите на Samsung нема да ја поддржат врската во согласност со
новите спецификации за Wi-Fi сертификатите.
Мрежна врска - жична
Постојат два стандардни начини за поврзување на вашиот телевизор на вашата мрежа со помош на кабли, во
зависност од поставувањето на вашата мрежа. Погледнете ги сликите подолу:
LAN кабел (не се испорачува)
Кабел за модем (не се испорачува)
Приклучок за модем на ѕидот
Задна ТВ плоча
Надворешен модем
(ADSL / VDSL / кабелска ТВ)
Приклучок за LAN на ѕидот
Задна ТВ плоча
LAN кабел (не се испорачува)
✎
Не е поддржано кога брзината на мрежата е помала или еднаква на 10Mbps.
✎
За поврзување користете Cat 5(*STP тип).
*Shielded Twist Pair
Македонски - 13
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 13
2012-07-10 �� 10:33:11