Samsung UE40D6120SW User Manual
Page 242
![background image](/manuals/416712/242/background.png)
Македонски - 20
Прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика
негово паѓање. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не
го дестабилизираат; тоа може да доведе до превртување на телевизорот, резултирајќи
со сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се
наведени во испорачаниот безбедносен леток. За дополнителна стабилност и безбедност,
инсталирајте го системот против паѓање на следниот начин.
За да избегнете паѓање на телевизорот
1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за
ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.
✎
Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како
типли, во зависност од типот на ѕидот.
✎
Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици не се
испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите дополнително.
2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од
телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно
прицврстете ги завртките на телевизорот.
✎
Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој
случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации.
✎
Спецификации за завртките
x
За големина од 19 - 27 инчи: M4
x
За големина од 32 - 65 инчи: M8
3.
Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите поставени на ѕидот со
силен кабел и потоа силно прицврстете ја жицата.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
x
Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.
x
Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат
на иста висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.
x
Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.
4. Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Периодично проверувајте ги
поврзувањата заради можно разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста
на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.
Ѕид
[UD6100-XH]BN68-03474D-LPRL17.indb 20
2011-03-12 오후 5:52:13