beautypg.com

Мрежна врска – Samsung UE40D6120SW User Manual

Page 235

background image

Македонски - 13

Мрежна врска

Можете да го поврзете телевизорот на вашата LAN мрежа преку стандарден безжичен рутер или модем.
Можете да го користите адаптерот за безжичен LAN од Samsung кој е вграден во телевизорот.

Мрежна врска - безжична

Можете да го поврзете телевизорот на вашата LAN мрежа преку стандарден безжичен рутер или модем.
За безжично поврзување, прво мора да го приклучите “Samsung Wireless LAN Adapter” (WIS09ABGN,
WIS09ABGN2, WIS10ABGN - се продава одделно) на приклучокот USB 1 (HDD) или USB 2 кои се наоѓаат
на задната страна од вашиот телевизор.

Адаптерот за безжичен LAN на Samsung ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802,11a/b/g и
n. Samsung препорачува користење на IEEE 802,11n. Кога репродуцирате видео запис преку врска со
IEEE 802,11b/g, можно е видео записот да не се репродуцира рамномерно.
Повеќето безжични мрежни системи се одликуваат со безбедносен систем кој од уредите кои
пристапуваат на мрежата преку пристапна точка или безжичен рутер (најчесто безжичен IP разделник)
бара да емитуваат шифриран безбедносен код наречен клуч за пристап.
Ако го изберете режимот Pure High-throughput (Greenfield) 802,11n, а видот на шифрирање за вашиот
безжичен рутер го поставите на WEP, TKIP или TKI PAES (WPS2Mixed), телевизорите на Samsung нема
да ја поддржат врската во согласност со новите спецификации за Wi-Fi сертификатите.

Мрежна врска - жична

Постојат два стандардни начини за поврзување на вашиот телевизор на вашата мрежа со помош на
кабли, во зависност од поставувањето на вашата мрежа. Погледнете ги сликите подолу:

Не е поддржано кога брзината на мрежата е под 10 Mbps.

Приклучок за модем на ѕидот

Задна ТВ плоча

LAN кабел

Кабел за модем

Надворешен модем

(ADSL / VDSL / кабелска ТВ)

Приклучок за LAN на ѕидот

Задна ТВ плоча

LAN кабел

Приклучок за

LAN на ѕидот

LAN кабел

Безжичен IP разделник

(рутер со DHCP сервер)

Адаптер за

безжичен LAN од

Samsung

или

[UD6100-XH]BN68-03474D-LPRL17.indb 13

2011-03-12 오후 5:51:51

This manual is related to the following products: