beautypg.com

Samsung UE46D8000YS User Manual

Page 234

background image

Македонски - 12

Поврзување со отворот за ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРФЕЈС

Приклучување на адаптерот за CI картички

Прикачете го адаптерот како што е прикажано подолу.
За поврзување на адаптерот за CI картички, следете ги овие
чекори.

Ви препорачуваме да го приклучите адаптерот пред
поставувањето на ѕидниот носач или пред да ја вметнете
“CI или CI+ CARD”.

1. Вметнете го адаптерот за CI CARD во двата отвора на

производот 1.

Пронајдете ги двата отвора на задниот дел од
телевизорот. Двата отвори се наоѓаат покрај
приклучокот

COMMON INTERFACE

.

2. Приклучете го адаптерот за CI CARD во приклучокот

COMMON INTERFACE

на производот 2.

3. Вметнете ја “CI или CI+ CARD”.

Ви препорачуваме да ја вметнете CI картичката пред да го монтирате телевизорот на ѕид. Може да
имате потешкотии да ја вметнете по монтирањето. Вметнете ја картичката откако ќе го приклучите
адаптерот за CI картички на телевизорот. Можно е да имате потешкотии доколку ја вметнете
картичката пред прикачувањето на модулот.

Користење на “CI или CI+ CARD”

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или CI+
CARD”.

• Ако не вметнете “CI или CI+ CARD”, на некои канали ќе се прикаже

пораката “Scrambled Signal”.

• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат

телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ CARD”, Host ID и други
информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме
обратете се до давателот на услугата.

• По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе

се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека
списокот со канали е ажуриран.

ЗАБЕЛЕШКА

x

Мора да обезбедите “CI или CI+ CARD” од локалниот давател на кабелски услуги.

x

При отстранување на “CI или CI+ CARD”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+ CARD” ви
падне може да ја оштетите.

x

Вметнете ја “CI или CI+ CARD” во насоката која е означена на картичката.

x

Положбата на отворот за

COMMON INTERFACE

може да се разликува во зависност од моделот.

x

“CI или CI+ CARD” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот продавач.

x

Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.

x

Вметнете ја “CI или CI+ CARD” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се
појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

Задна страна

на ТВ

[UD8000-XH]BN68-03442D-03L17.indb 12

2011-05-11 오후 4:49:30

This manual is related to the following products: