Поставување на универзалниот далечински управувач, Додадете надворешен уред – Samsung PS60F5500AW User Manual
Page 275

Македонски
- 11
М
акедонски
Поставување на универзалниот далечински
управувач
Овој телевизор нуди функција на универзален далечински управувач која ви овозможува да контролирате
кабелски приемници, Blu-ray плеери, домашни кина и други надворешни уреди од трети страни кои се поврзани
на телевизорот преку далечинскиот управувач на телевизорот.
Одржувајте растојание од најмалку 5 cm помеѓу IR ПРОДОЛЖИТЕЛНИОТ КАБЕЛ и надворешниот уред,
како што е прикажано на сликата. Насочете го IR ПРОДОЛЖИТЕЛНИОТ КАБЕЛ кон приемникот за сигнали
за далечинскиот управувач на надворешниот уред. Имајте предвид дека не треба да има пречки помеѓу IR
продолжетокот и надворешниот уред. Пречките ќе пречат при пренесувањето на сигналот за далечинско
управување.
Додадете надворешен уред
1. Вклучете го надворешниот уред за кој сакате да ја поставите функцијата за универзален далечински
управувач, а потота притиснете
SOURCE
за да го отворите екранот на функцијата Извор.
2. Изберете Постави униве. далечинско од горниот дел на екранот. Со тоа ќе ја започнете постапката за
поставување на универзалниот далечински управувач.
3. Следете ги инструкциите на екранот и поставете го универзалниот далечински управувач. Ако далечинскиот
управувач не функционира, поставете го со рачно внесување на бројот на моделот.
[PF5500-ZH]BN68-04885N-LPRL16.indb 11
2013-03-19 �� 7:15:30