beautypg.com

Вметнување на батериите (aaa x 2), Користење на подлогата за допир, Повторно поврзување на smart touch control уредот – Samsung PS60F5500AW User Manual

Page 271: Аларм за слаба батерија

background image

Македонски

- 7

М

акедонски

Повторно поврзување на Smart Touch Control уредот

<Копче за впарување на Smart Touch Control уредот>
Доколку треба повторно да воспоставите врска помеѓу телевизорот и Smart Touch Control уредот, притиснете
го копчето за впарување на задната страна од Smart Touch Control уредот и насочете го кон приемникот за
далечинскиот управувач на телевизорот. До копчето за впарување може да пристапите преку отстранување на
капакот на батеријата од уредот. Со притиснување на копчето за впарување, врската помеѓу уредот за контрола
и телевизорот автоматски ќе се воспостави повторно.

Аларм за слаба батерија

Ако батеријата ослабне и индикаторот почне да трепка при користење на Smart Touch Control, во долниот лев
агол од екранот ќе се појави прозорец со аларм кој ќе трепка. Ако се појави прозорецот со аларм, заменете ги
батериите на Smart Touch Control. Користете алкални батерии за подолга употреба.

Вметнување на батериите (AAA X 2)

1

2

3

1. Внимателно подигнете го капакот за батерии со влечење на лентата или со помош на пластична картичка.

Потоа, повлечете го јазичето на капакот со ноктите за целосно да го отстраните капакот.

2. Вметнете 2 AAA батерии и погрижете се правилно да ги поставите позитивните и негативните краеви.
3. Поставете го капакот на батеријата паралелно со задниот дел на далечинскиот управувач и притискајте

надолу по должината на рабовите с

è додека не се прицврсти во лежиштето на далечинскиот управувач.

Користење на подлогата за допир

Користете ја подлогата за допир за извршување на разни команди. Одете до Упатство (Мени на екран >
Систем > Управ. на уреди > Поставки на Smart Touch Control > Упатство) за да погледнете водич на екранот
за користење на Smart Touch Control.

Влечење

Притиснете

Повлечете врз подлогата за допир во саката насока.

Поместете го означувањето или покажувачот во насоката во која

влечете со прстот.

Притиснете на подлогата за допир. На тој начин ќе го изберете

означениот елемент.

[PF5500-ZH]BN68-04885N-LPRL16.indb 7

2013-03-19 �� 7:15:29

This manual is related to the following products: