Регистрирање на магичниот далечински управувач – LG 55EA970V User Manual
Page 502
26
ENG
МАКЕДОНСКИ
ФУНКЦИИ НА МАГИЧНИОТ ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ
Регистрирање на магичниот
далечински управувач
Неопходно е да се изврши ‘впарување’
(регистрирање) на магичниот далечински
управувач со телевизорот за да може
управувачот да функционира.
Како да го регистрирате магичниот
далечински управувач
1 За автоматско регистрирање,
вклучете го телевизорот и
притиснете го
Тркалце(OK). Кога
регистрирањето ќе заврши, на
екранот ќе се појави порака за
завршување.
2 Ако регистрирањето не биде
успешно, исклучете го телевизорот
и повторно вклучете го, потоа
притиснете го
Тркалце(OK) за да
се заврши регистрирањето.
Како да го пре-регистрирате магичниот
далечински управувач
BACK
SMART
1 Истовремено притиснете ги
копчињата
BACK и SMART
и задржете ги 5 секунди
за да се изврши ресетирање,
потоа извршете регистрирање
според напатствијата од “Како
да го регистрирате магичниот
далечински управувач” погоре.
2 За да го пререгистрирате
магичниот далечински управувач,
притиснете и задржете го копчето
BACK околу 5 секунди,
насочувајќи го управувачот кон
телевизорот. Кога регистрирањето
ќе заврши, на екранот ќе се
појави порака за завршување.
Како да го користите магичниот
далечински управувач
1 Ако покажувачот исчезне, малку
придвижете го далечинскиот
управувач налево или надесно.
Потоа, тој автоматски ќе се
појави на екранот.
»
Ако покажувачот не се користи
одредено време, тој ќе исчезне.
2 Можете да го поместувате
покажувачот преку насочување
на приемникот на покажувачот
од далечинскиот управувач кон
телевизорот и потоа со негово
поместување лево, десно, горе
или долу.
»
Ако покажувачот не работи
правилно, оставете го
далечинскиот управувач
10 секунди и употребете го
повторно.
1
Ако го притиснете
Тркалце(OK) на
магичниот далечински управувач, ќе се
прикаже следниот екран.
Приказ на информации за тековната
програма и сликата.
2
Можете да го изберете менито Повеќе.
Повеќе
Мерки на претпазливост при
користење на магичниот
далечински управувач
y
Далечинскиот управувач користете го
во рамките на максималната далечина
за комуникација (10 m). Користењето на
далечинскиот управувач над оваа далечина,
или во случај кога некој предмет пречи, може
да предизвика неуспешна комуникација.
y
Неуспешна комуникација може да настане
заради одредени уреди во близина.
Електричните уреди како микробранова
печка или безжичен LAN производ може да
предизвикаат пречки, бидејќи го користат
истиот пропусен опсег (2,4 GHz) како
магичниот далечински управувач.
y
Магичниот далечински управувач може да се
оштети или да функционира неисправно ако
се испушти или биде изложен на посилен
удар.
y
Кога го употребувате магичниот далечински
управувач, внимавајте да не го удрите во
мебел или во други луѓе.
y
Производителот и инсталатерот не може да
обезбедат услуги поврзани со човековата
безбедност заради можноста од појава на
пречки од електромагнетни бранови кај
безжичниот уред.
y
Се препорачува пристапната точка (AP)
да биде поставена подалеку од 1 m од
телевизорот. Ако пристапната точка е
поблиску од 1 m, магичниот далечински
управувач може да не функционира како што
се очекува заради пречки на фреквенциите.