Bosch GCB 18 V-LI Professional User Manual
Page 123
Македонски | 123
Bosch Power Tools
1 609 92A 0B0 | (5.7.13)
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за пили со подвижни
ленти
Држете го уредот на изолираните површини на
дршката, доколку изведувате работи каде алатот за
сечење може да дојде во контакт со скриени кабли.
Контактот на алатите за сечење со струјниот кабел може
металните делови на уредот да ги стави под напон и да
доведе до електричен удар.
Зацврстете го делот што се обработува со стеги или
на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го
држите делот што се обработува само со рака или
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до
губење на контролата.
Дланките држете ги подалеку од полето на работа со
убодна пила. Не посегајте под делот што се
обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите
за пила со подвижна лента постои опасност од повреда.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат и извлечете го листот за пила
со подвижна лента дури откако ќе биде во состојба
на мирување. На тој начин ќе избегнете повратен удар
и ќе може безбедно да го оставите електричниот
апарат.
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила со подвижна лента. Свитканите или тапите
листови за пила со подвижна лента може да се скршат
или да предизвикаат повратен удар.
Средството за подмачкување или маслото држете
ги понастрана од листовите за пила со подвижна
лента. Избришете го целосно вишокот масло пред
сечењето. Инаку листот за пилата со подвижна лента
може да се слизне.
Не притискајте премногу на листот за пилата со
подвижна лента за време на работниот процес.
Преголемиот притисок може да доведе до лизгање или
кршење на листот за пилата со подвижна лента. Постои
опасност од повреда.
По исклучувањето не го закочувајте листот за пила
со подвижна лента со странично притискање. Листот
за пила со подвижна лента може да се оштети, скрши
или да предизвика повратен удар.
Не го фаќајте листот од пилата со подвижна лента по
работата, додека не се олади. Листот за пилата со
подвижна лента за време на работата се вжештува.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
OBJ_BUCH-1398-004.book Page 123 Friday, July 5, 2013 11:42 AM