Употреба – Bosch GAS 55 M AFC Professional User Manual
Page 194
194 | Македонски
1 609 92A 0DB | (22.7.13)
Bosch Power Tools
Местење на гумената лента (Вшмукување на
влажни материјали) (види слика E)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав M) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Извадете ги четките 33 со соодветен алат од подната
млазница 34.
– Поставете ја гумената лента 32 во подната млазница
34.
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Прикачување на L-Boxx (види слика F)
За транспорт на вшмукувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на вшмукувачот и/или
електричниот апарат, може да прикачите L-Boxx на
горниот дел од вшмукувачот.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 11.
Не вшмукувајте со расклопена L-Boxx. Тежиштето на
вшмукувачот се поместува нагоре. Вшмукувачот може
да се преврти. Постои опасност од повреда и
оштетување.
Не го носете вшмукувачот на рачката за носење на
прикачената L-Boxx. Вшмукувачот е претежок за
рачките за носење на L-Boxx. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.
Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m
3
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
За да се овозможи оптимален капацитет на вшмукување,
мора целосно да го одвиткате цревото за вшмукување 27
од горниот дел на вшмукувачот 13.
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
– Подесете го регулаторот на волуменски проток 6 на
дијаметарот на цревото.
– За да го вклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 7
поставете го на ознаката „Вшмукување“.
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 7
поставете го на ознаката „Исклучување“.
Вшмукувачот е опремен со контрола на волуменскиот
проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно
поставена на „Вшмукување“ на вредност од20 m/s,
независно од позицијата на регулаторот на волуменскиот
проток 6.
Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради
насобрана нечистотија во цревото за вшмукување, полна
вреќичка за прав или вметнат набран филтер, се слуша
звучен сигнал за предупредување. Во тој случај,
исклучете го вшмукувачот и проверете го како што е
опишано во делот „Отстранување на пречки“.
Вшмукување на правта што се создава додека работат
електричните апарати (види слика G)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 5. Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на
електричниот апарат што се приклучува.
За да се овозможи доволен пренос на правта до местото
на вшмукување, не треба да се пречекори најмалиот
волуменски проток за приклучениот електричен апарат.
– Подесете го регулаторот на волуменски проток 6 на
дијаметарот на цревото.
– Монтирајте го муфот 25 (види „Монтирање на муфот“,
страна 193).
– Прикачете го муфот 25 на млазниците за вшмукување
на електричниот апарат.
– За вклучување на Старт/Стоп
автоматиката на вшмукувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
начин на работа 7 на ознаката
„Старт/Стоп автоматика“.
При овој начин на работа, волуменскиот проток
електронски се контролира согласно позицијата на
регулаторот 6. Доколку е правилно избрана
поставката, се овозможува доволен пренос на правта.
– За Приклучување на вшмукувачот приклучете го на
конекторот 5 од приклучениот електричен апарат.
Вшмукувачот автоматски почува со работа.
– Исклучете го електричниот апарат, за вшмукувањето
да заврши.
Дијаметар на цревото
Поставена вредност за
волуменски проток
35 мм
57,9 м
3
/ч
22 мм
41,2 м
3
/ч
15 мм
12,7 м
3
/ч
OBJ_BUCH-1747-002.book Page 194 Monday, July 22, 2013 4:43 PM