beautypg.com

Монтажа, Употреба – Bosch GAS 25 L SFC Professional User Manual

Page 107

background image

Македонски | 107

Bosch Power Tools

1 609 92A 086 | (28.2.13)

Изјава за сообразност

Тврдиме на наша одговорност, дека опишаниот производ
во „Технички податоци“ е сообразен со следните норми
или нормативни документи: EN 60335 според одредбите
на регулативите 2011/65/EU, 2006/42/EG, 2004/108/EG
како и нивните промени.

Техничка документација (2006/42/EG) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen

Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 01.03.2013

Монтажа

Пред било каква интервенција на вшмукувачот,

извлечете го струјниот приклучок од конекторот.

Менување/вметнување на вреќичката за прав
(види слика A)

– Отворете ги затворачите 10 и извадете го горниот дел

на вшмукувачот 3.

– Извлечете ја полната вреќичка за прав 11 од

приклучната прирабница наназад. Затворете го
отворот на вреќичката за прав со затворање на капакот.
Извадете ја затворената вреќичка за прав од
вшмукувачот.

– Наместете ја новата вреќичка за прав 11 на

приклучната прирабница на вшмукувачот. Проверете
дали вреќичката за прав 11 по целата должина
налегнува на внатрешниот ѕид од контејнерот 9 .
Поставете го горниот дел на вшмукувачот 3.

– Затворете ги затворачите 10.
За вшмукување на суви материјали треба да вметнете
една вреќичка за прав 11. Со користењето на вреќичка за
прав 11 набраниот филтер 12 останува отворен подолго
време, јачината на вшмукување се задржува подолго
време и се олеснува отстранувањето на правта.

Монтирање на цревото за вшмукување (види
слика A)

– Поставете го цревото за вшмукување 8 на прифатот за

црево 7 и свртете го во насока на стрелките на
часовникот се до крај.

– Цевките за вшмукување спојте ги со ставање една во

друга.

Напомена: Bosch препорачува користење на црева со
одвод на статичкиот електрицитет со дијаметар од 19 мм
или 35 мм.

Употреба

Ставање во употреба

Внимавајте на електричниот напон! Напонот на

изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.

Веднаш исклучете го
вшмукувачот, доколку

почне да излегува пена или вода и испразнете го
контејнерот.
Инаку вшмукувачот може да се оштети.
Ве молиме информирајте се за важечките

одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.

Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m

3

Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.

Ознаки на прекинувачот за избор на начинот на работа

Вклучување/исклучување
– За да го вклучите, вшмукувачот, прекинувачот за

избор на начин на работа 4 поставете го на on.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.

– За да го вклучите, вшмукувачот, прекинувачот за

избор на начин на работа 4 поставете го на off.

Користење со далечински прекинувач (види слика B)
Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 5. Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Преку приклучениот електричен уред, вшмукувачот
автоматски ќе започне со работа. Внимавајте на
максимално дозволената јачина на приклучување на
електричниот апарат што се приклучува.

– Прекинувачот за избор на начинот на работа 4

поставете го на ознаката Користење со далечински
управувач
.

За електричниот алат на располагање ви стојат различни
системи на црева за приклучување како опрема.

– За Приклучување на вшмукувачот приклучете го на

конекторот 5 од приклучениот електричен апарат.
Вшмукувачот автоматски почува со работа.

Dr. Egbert Schneider
Senior Vice President
Engineering

Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9

on

Вклучување

off

Исклучување

Електромагнетско чистење на филтерот
(SFC)

Користење со далечински прекинувач

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

OBJ_BUCH-464-006.book Page 107 Thursday, February 28, 2013 2:46 PM