beautypg.com

Употреба, Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 1560 AA User Manual

Page 98

background image

98

ПО УПОТРЕБА

Причекајте делот за сечење да сопре пред да го

одложите алатот (отворениот нож може да ја

зафати површината и да доведе до губење на

контролата и сериозна повреда)

УПОТРЕБА

• Менување/обратно местење на ножевите 6

Овој струг е опремен со издржливи ножеви со

острици од двете страни, така што кога една страна

ќе се истапи, може да се употреби другата страна

! исклучете го алатот и извадете го од

приклучокот

- отстранете ги уредите за водење, ако се вградени

- земете го клучот за одвртување од лежиштето A

- свртете го алатот наопаку

- олабавете 3 навртки B со клучот (не ги вадете

навртките)

- извадете го ножот од блокот за сечење со парче дрво

- вратете го ножот во блокот за сечење во обратна

положба, или употребете нов нож

! жлебот во ножот треба да се совпаѓа со

исфрлениот дел во блокот за сечење

! и двата краја на ножот треба да бидат еднакво

исфрлени

! проверете дали крајот на ножот Х одговара на

работ на стапалото (поставете линеар рамно

наспроти куќиштето како што е покажано и

користете го како сопирачка)

- затегнете 3 навртки B со клучот

! променете/заменете ги ножевите на време;

користете само остри ножеви

! секогаш сменете/заменете ги ножевите во

исто време

! не се обидувајте да ги нагодите ножевите со

навртките C од делот за сечење, коишто

претходно се нагодени при производството

• Нагодување на длабочината на стружење 7

- свртете го копчето D да ја одберете саканата

длабочина

- користете индикатор E како показател

- секогаш одберете мала длабочибна за стругање и

повторете го стружењето и процесот на

нагодување се додека не се постигне саканата

длабочина

• Вшмукување прашина 8

- поврзтете ја правосмукалката со вреќичката за

прашина F ако сакате да ја имате опцијата за

собирање прашина

! не се обидувајте да отстраните било какви

пречки од вреќичката за прашина додека

ножевите се вртат

• Сигурносна потпора G 9

- ја заштитува работната површина од оштетување

додека алатот не е во употреба

- автоматски се превиткува назад за време на

стружењето

• Помошна рачка 0

- скоро сосема олабавете ја навртката J

- нагодете ја рачката H во саканата положба

- силно прицврстете ја завртката

• Работа со алатот

- нагодете ја длабочината на стружење

- поставете го алатот на работната површина

! проверете дали само предниот дел лежи на

работната површина, а ножевите не ја

допираат

- вклучете го алатот со притискање на копчето K 2

(= сигурносно копче кое не може да се заклучи) и

потоа со повлекување на прекинувачот L 2

! пред ножевите да ја допрат работната површина,

алатот треба да работи со полна брзина

! додека работите, секогаш држете го алатот за

местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја !

- цврсто држете го алатот со двете раце и водете го

напред со постојано притискање

- користете го алатот со основата поставена на

површината што се обработува

- не го наведнувајте алатот со цел да избегнете

траги од несакано стружење

! уредот треба да се подигне од работната

површина пред тој да биде исклучен

- исклучете го алатот со ослободување на

прекинувачот L

• Стружење жлебови @

- одберете ја саканата длабочина на стружење

- одберете ја длабочината на жлебот со употреба

на нагодувачот за одредување длабочина на жлеб

N (SKIL помошен дел 2610394022)

- поставете го алатот на работната површина

- почнете со стружењето

- максимална широчина на жлебот 82 мм

- максимална длабочина на жлебот 8 мм

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• Во текот на стружењето можеда се користи

вреќичка за прашина (SKIL дополнителен дел

2610394020)

• За засекување на рабовите, употребете V-жлеб во

предниот чевел #

- свртете го копчето D да ја одберете саканата

длабочина

! секогаш прво испробајте на парче стар

материјал

• При стружење на жлебови ќе постигнете подобри

резултати ако користите водилка (SKIL помошен дел

2610394021) за да ја одредите широчината на

жлебот $

• Многу други совети можете да најдете на www.skil.

com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење M 2)

! пред чистење извадете го алатот од

приклучокот

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични

алати