beautypg.com

Совети за примена, Одржување/сервисирање, Заштита на животната средина – Skil 1758 AA User Manual

Page 104: Декларација за усогласеност

background image

104

! почнете со работа само ако прекинувачот E е

заклучен

1 = нормално дупчење/навртување

2 = вибрациско дупчење

3 = длабење

! подесувањето на режимот на работа се врши

само кога алатот е исклучен и приклучокот е

изваден од струја

- при дупчење во дрво, метал и пластика, како и

навртување, користете соодветен адаптер

(погледнете: Совети за примена)

- механизмот за ударно дупчење се активира со

благ притисок на алатот, додека сврделот се

наоѓа во допир со материјалот кој се обработува

- треба малку време додека механизмот со чеканот

не достигне целосна моќност за удирање

- најдобри резултати за ударно дупчење се

постигнуваат само со лесен притисок на алатот,

при што се активира автоматскиот механизам;

резултатот на дупчењето не се подобрува со

посилно притискање на апаратот

• Промена на бургиите 0

! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со

масло пред да го вметнете

- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и

вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и

туркајте го приборот додека не го затегнете;

приборот сам се затегнува автоматски

- повлечете го приборот за да проверите дали е

цврсто стегнат

- извадете го приборот, така што ќе а повлечете

наназад главата за стегање G

! SDS+ приборот бара неограничена слобода на

движењето, која предизвикува ексцентрична

работа со алатот во празен од; за време на

работата, таа сама се центрира; ова нема

влијание врз прецизноста на дупчењето на

отворот

! не употребувајте оштетени бургии/длета

• Безбедносен механизам

За време на блокадата на приборот, се прекинува и

работата на вретенното (соѓа до создавање на бука)

- веднаш исклучете го алатот

- отстранете го блокираниот прибор

- одново вклучете го алатот

• Приспособување на длабочината на дупчењето !

• Држење и насочување на алатот @

! додека работите, секогаш држете го алатот за

местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја

- алатот секогаш држете го за страничната дршка

H 2 (може да се приспособува, како на цртежот)

- отворите за ладење држете ги отворени

- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој

сам да работи

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• Користете соодветни бургии #

! употребувајте само остри бургии/длета

• При дупчење во дрво, метал и пластика, како и

навртување, употребувајте соодветен адаптерот

(SKIL прибор 2610395660) $

- исчистте го и намачкајте го адаптерот со масло

пред да го вметнете

- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и

вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја

и притискајте го адаптерот додека не го стегнете;

адаптерот автоматски, сам се затега

- повлечете го адаптерот за да проверите дали е

цврсто стегнат

- подесете го прекинувачот E 2 за нормално дупчење

(подесувањето се врши само кога алатот е

исклучен и приклучокот е изваден од струја)

• При дупчење во метал

- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да

издупчите поголема дупка

- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на

време

• При навртување на штрафовите на краевите на

дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да

се избегне разлистување на дрвото

• Дупчење на дрво без разлистување %

• Дупчење на дрво без прашина ^

• Дупчење на таван без прашина &

• Дупчење на плочки без лизгање *

• Многу други совети можете да најдете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење)

! пред чистење извадете го алатот од

приклучокот

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА

СРЕДИНА

Не се ослободувајте од електични алати, уреди

или амбалажа преку нивно фрлање во

домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)

- според Европската Директива 2002/96/EC за

ослободување од електрична и електронска

опрема и нејзина имплементација во согласност

со националните закони, електричните алати кои

го достигнале крајот на својот животен век мора

да бидат собрани посебно и да бидат вратени во

соодветен објект за рециклирање

- симболот ( ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде

време алатот да го фрлите

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ

• Со целосната наша одговорност изјавуваме дека овој

производ е во согласност со следниве стандарди или

стандардизирани документи: EN 60745, EN 61000,

EN 55014, во согласност со одредбите од директивите

2004/108/EG, 2006/42/EG, 2011/65/ЕУ