Philips LivingColors Aplique transparente User Manual
Page 75
70
3.Компатибилност со тајмери
Можете да користите LivingColors со тајмер (не е вклучен). Кога
ќе бидат вклучени со тајмер, LivingColors светилките ќе го добијат
последното поставување (непроменлива боја или режим на
автоматско менување на боите)
Чистење и одржување:
Извадете го приклучокот од штекерот.
За да избегнете гребење, LivingColors светилката,
далечинскиот управувач и адаптерот треба да се чистат
единствено со мека сува ткаенина.
Не употребувајте средства за чистење, абразивни
средства или растворувачи. Избегнувајте допир на
течности со сите електрични делови.
Безбедносни инструкции:
Чувајте ги приклучокот и LivingColors производот подалеку од
течности и влага.
-LivingColors е наменет само за внатрешна употреба. Не користете
го на влажни места, на пр. бањи или на отворено.
-LivingColors не претставува играчка со која би можеле да си
играат децата.
-Не поставувајте го на жешки површини
-Заради безбедносни причини и според условите од гаранцијата,
LivingColors и приклучокот не смеат да се отвараат.
-Користете го единствено испорачаниот адаптер: употребата на
различен адаптер може да го оштети вашиот LivingColors.
Животна средина:
На крајот од работниот век отстранувањето на уредот направете
го во согласност со упатствата на локалните власти. Извадете ги
батериите доколку сакате да го фрлите далечинскиот управувач.
Немојте да ги фрлате батериите со нормалниот отпад од
домаќинствата. Тие мора да бидат однесени на јавно место за
собирање или кај застапник на Philips, по што батериите ќе бидат
отстранети на начин кој не е штетен за животната средина.
Потрошувачка на енергија на светилката: до 15,4 W
Далечински управувач:
Батерии:
3 x Philips Powerlife Alkaline AAA LR03, 1,5 V.
Безжични спецификации:
Фреквентен појас на безжичен RF режим:
2405~2475 MHz
Безжичен комуникациски протокол:
IEEE 802,15.4)
Канали при користење:
каналите 11, 15, 20 или 25
Спецификации на околина:
Температура (при користење):
0...40 °C
Температура (при складирање):
-25...60 °C
Релативна влажност:
5...95 % без кондензација
Животна средина:
На крајот од работниот век отстранувањето на уредот направете
го во согласност со упатствата на локалните власти. Извадете ги
батериите доколку сакате да го фрлите далечинскиот управувач.
Немојте да ги фрлате батериите со нормалниот отпад од
домаќинствата. Тие мора да бидат однесени на јавно место за
собирање или кај застапник на Philips, по што батериите ќе бидат
отстранети на начин кој не е штетен за животната
средина.
Гаранција:
Двегодишната гаранција од Philips е важечка доколку производот
се употребува во согласност со инструкциите за неговата примена.
Рекламациите ќе бидат прифатени со поднесување на оригинален
доказ за купување (фактура, сметка или испратница) на кој се
наведени датумот на купување, името на продавачот и описот на
производот.
Гаранцијата на Philips престанува со важност:
- При каква било промена, прецртување, бришење или нечитливост
на документот за купување или описот на производот.
- Дефекти предизвикани од оштетување, неисправни приклучоци
или неправилно користење.
- Доколку е предизвикан дефект при екстремни околности
во однос на LivingColors како удар на гром, поплава, пожар,
несоодветна употреба или несовесност.
- Доколку LivingColors светилката е отварана или расклопувана.
Гаранција и сервис:
За повеќе информации и во случај на проблем, ве молиме посетете
ја веб-страницата на Philips на www.philips.com/livingcolors или
бесплатно обратете се до Philips Lighting контакт центарот:
00800-PHILIPSL или 00800-74454775
MA0 000 021.indd 70
2009-08-13 10:20:55