Samsung UE32F4500AW User Manual
Page 206

Македонски - 8
Поврзување со отворот COMMON INTERFACE (отвор
за картичка за гледање кај вашиот телевизор)
✎
Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка или адаптер за CI картичка.
Приклучување на адаптерот за CI картички
Прикачете го адаптерот како што е прикажано од
страна.
✎
За да го инсталирате адаптерот за CI картички,
ве молиме отстранете ја налепницата залепена
на телевизорот.
За поврзување на адаптерот за CI картички, следете
ги овие чекори.
✎
Ви препорачуваме да го приклучите адаптерот
пред поставувањето на ѕидниот носач или пред
да вметнете “CI или CI+ картичка”.
1. Вметнете го адаптерот за CI картички во двата отвора на производот 1.
✎
Пронајдете ги двата отвора на задниот дел од телевизорот. Двата отвори се наоѓаат покрај
приклучокот
COMMON INTERFACE
.
2.
Приклучете го адаптерот за CI картички во приклучокот
COMMON INTERFACE
на производот 2.
3. Вметнете “CI или CI+ картичка”.
Ви препорачуваме да ја вметнете CI картичката пред да го монтирате телевизорот на ѕид.
Може да имате потешкотии да ја вметнете по монтирањето. Можно е да имате потешкотии
доколку ја вметнете картичката пред прикачувањето на модулот.
Користење на “CI или CI+ картичка”
За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или CI+ картичка”.
• Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.
• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои
содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”,
Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за
грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.
• По завршување на конфигурирањето на информациите за
каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”,
известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот
давател на кабелски услуги.
• При отстранување на “CI или CI+ картичка”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако
“CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.
• Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.
• Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од
моделот.
• “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај
овластениот продавач.
• Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.
• Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На
екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.
Задна страна на ТВ
[UF4500-XH]BN68-04807F-06L16.indb 8
2013-12-19 9:30:40