Samsung UE46D7000LS User Manual
Page 240
Македонски - 18
Прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика негово паѓање.
Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат; тоа може
да доведе до превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт. Придржувајте
се до сите безбедносни мерки кои се наведени во испорачаниот безбедносен леток. За дополнителна
стабилност и безбедност, инсталирајте го системот против паѓање на следниот начин.
За да избегнете паѓање на телевизорот
1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за ѕидот.
Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.
✎
Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во
зависност од типот на ѕидот.
✎
Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици не се испорачуваат,
ве молиме самите да ги набавите дополнително.
2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот,
ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно прицврстете ги
завртките на телевизорот.
✎
Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај, ве
молиме купете завртки со следните спецификации.
✎
Спецификации за завртките
x
За големина од 19 - 27 инчи: M4
x
За големина од 32 - 75 инчи: M8
3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите поставени на ѕидот со силен кабел и
потоа силно прицврстете ја жицата.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
x
Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.
x
Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат на иста
висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.
x
Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.
4. Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Периодично проверувајте ги поврзувањата заради
можно разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете
се до професионален монтер.
Ѕид
[UD7000-XH]BN68-03438D-03L17.indb 18
2011-05-11 오후 5:17:51