Совети за примена, Одржување/сервисирање, Заштита на животната средина – Skil 7220 (F0157220..) User Manual
Page 101: Декларација за усогласеност

101
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење Q ② држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете го алатот со делта-врвот насочен напред
за закосени, тесни и други тешко достапни места ⑩
• Користете го алатот со рамната страна насочена
напред за долги потези на рамни површини ⑪
• За брусење закривени површини како и за брусење
со голема моќ за отстранување, користете го алатот
во комбинација со потпорна подлошка A ②
• Користете го алатот со специјалните приклучоци за
пескарење за недостапни места ⑫
• Флексибилната шмиргла за пескарење е наменета
за
- заоблување на површини со рабови ⑬a
- сите заоблени површини со максимален дијаметар
од 10 см ⑬b
• Кога делта-врвот G е изабен или оштетен на врвот,
може да му го продолжите рокот на употреба за
двапати ако го извадите, го свртите за 120° и да
го вратите на место (применливо е и за делта-
шмирглата за пескарење) ⑭
• Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за
дрво и за метал
• Препорачана рапавост на брусната хартија
груба
- за отстранување боја, за
пескарење исклучително грубо
дрво
средна
- за пескарење грубо или рамно
дрво
фина
- за мазнење дрво, за завршување
на површината на оголено дрво,
за мазнење површини со стара
боја
• Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење Q ②)
- со четкичка отстранете ја насобраната прашина
од брусењето
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати,
уреди или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑮ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосната наша одговорност изјавуваме
дека овој производ е во согласност со следниве
стандарди или стандардизирани документи: EN
60745, EN 61000, EN 55014, во согласност со
одредбите од директивите 2004/108/EG, 2006/42/
EG, 2011/65/ЕУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
19.08.2013
SKIL Europe BV, 4825 BD Breda, NL
Marijn van der Hoofden
Operations & Engineering
Olaf Dijkgraaf
Approvals Manager
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 75 dB(A) а нивото на звучна моќност 86
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
10,7 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може
да доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите
раце, и организирање на вашата работа