beautypg.com

Употреба, Одржување/сервисирање – Skil 0705 RA User Manual

Page 115

background image

115

• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го

приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување

со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,

оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот

пред да го исклучите приклучокот)

• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице

УПОТРЕБА

• Водилка за кабелот #

- закачете ја куката на продолжниот кабел над

водилката B како што е прикажано

- повлечете цврсто за да го обезбедите

продолжниот кабел

• Прилагодување на висината за косење (20-40-60 мм)

$

! исклучете го приклучокот од штекер и

проверете дали сечивото веќе не ротира

- свртете ја косилката

- поставете двата предната тркала како и двата

задната тркала на саканата позиција за висина на

косење (20, 40 или 60 мм)

! проверете дали четирите тркала се фиксирани

на иста позиција за косење

• Безбедносен прекинувач за вклучување/

исклучување %

Спречува машината да се вклучи случајно

- вклучете ја машината прво со притискање на

безбедносниот прекинувач D и потоа повлечете го

прекинувачот за активирање E

- исклучете ја машината со пуштање на

прекинувачот за активирање E

! по исклучување на машината, сечивото

продолжува да ротира уште неколку секунди

• Упатство за работа

- држете ја косилката со двете раце

- поставете ја косилката на работ на тревникот и

косете нанапред

- свртете се на крајот на секој потег, делумно

преклопувајќи го претходното косење

- користете ја косилката само на сува трева

- чувајте ја косилката подалеку од цврсти предмети

и растенија

- при косење висока трева, прво поставете го

механизмот за косење на максималната висина за

косење и потоа на пониска висина

! прилагодете ја брзината на одење при косење

висока трева

• Чување ^

- превиткајте ја рачката на машината за штедење

на просторот за складирање (со крилцето F) и

одложете ја машината како што е прикажано;

прво испразнете ја кутијата за трева

! проверете дали (продолжниот) кабел е

заглавен при превиткување/ исправање на

рачката на машината (не испуштајте ја

рачката)

- не ставајте други предмети врз одложената

косилка

- чувајте ја косилката на затворено и суво место

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење J 3)

• Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка и

сува крпа

! не користете вода (особено не спреови под

висок притисок)

- отстранете ја насобраната покосена трева од

сечивото со дрвен или пластичен алат

• Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци

на изабеност или оштетување

• Редовно проверувајте дали сечивото и навртките се

изабени или оштетени и заменувајте ги во парови за

да ја задржите рамнотежата

• Замена на сечивото за косење &

! исклучете го приклучокот од штекер и

извадете ја кутијата за трева G 3

! носете заштитни ракавици

- свртете ја косилката

- извадете/ставете сечиво за косење со клуч 13

како што е прикажано

! користете само сечива за косење од типовите

GD61BX.00.06 SKB

- темелно исчистете ја областа кај оската и

внатрешноста на машината пред да го поставите

сечивото за косење

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични

алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

• Следниот список ги прикажува симптомите за

проблемите, можните причини и дејства за поправка

(контактирајте со продавачот или сервисерот ако

истите не го идентификуваат ниту решаваат

проблемот)

! исклучете ја машината и извадете го

приклучокот пред да го истражувате

проблемот

★ Машината не работи

- нема напојување -> проверете го напојувањето

(кабел за напојување, прекинувачи, осигурувачи)

- расипан штекер за напојување со ел. енергија ->

користете друг штекер

- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го

продолжниот кабел

- тревата е многу висока -> зголемете ја висината

за косење и закосете ја машината

★ Машината работи со прекини

- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го

продолжниот кабел

- оштетување на внатрешното поврзување ->

контактирајте со продавачот/ сервисерот

★ Машината остава нерамномерна трага или моторот

тешко работи

- висината за косење е премногу ниска ->

зголемете ја висината за косење