beautypg.com

Skil 0705 RA User Manual

Page 114

background image

114

СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА

КОСИЛКИТЕ

ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ НА АЛАТОТ
4

Пред употреба прочитајте го прирачникот за

употреба

5

Двојна изолација (не е потребна заземна жица)

6

Не изложувајте го алатот на дожд

7

Обрнете внимание на ризикот од повреда што

може да го предизвика отфрлениот остаток од

косењето (присутните лица да стојат на безбедно

растојание од местото на работа)

8

Внимавајте на острите сечива

9

Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од

ротирачкото сечиво

0

Сечивото продолжува да ротира уште извесно време

откако косилката ќе се исклучи (не допирајте го

сечивото додека се врти)

!

Исклучете ја косилката и извадете го приклучокот

од штекер пред чистење/одржување или ако кабелот

(продолжниот) е оштетен или заплеткан

@

Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од

домаќинството

ОПШТИ

• Не работете со косилката на влажни тревници

• Корисникот е одговорен за несреќните случаи или

штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или

на нивниот имот

• Никогаш не вклучувајте ја косилката со расипан

заден заштитник или оштетена кутија за трева

• Ставете го задниот заштитник во затворена позиција

кога работите со косилката без кутијата за трева

(постои ризик од повреда од ротирачкото

сечиво)

• Секогаш исклучувајте го приклучокот од штекер

- кога косилката ја оставате без надзор

- пред чистење заглавен материјал

- пред проверка, чистење или работа на косилката

- ако удрите во стран предмет

- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено

ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

• Проверувајте го кабелот од време на време и

повикајте квалификувано лице да го смени ако е

оштетен

• Користете уред за преостанат напон (RCD) со

максимален напон за активирање од 30 mA кога ја

користите косилката

• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде

сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А

• Користете само продолжен кабел од типовите

H05VV-F или H05RN-F којшто е наменет за употреба

на отворено и е опремен со приклучок со заштита од

вода и штекер во форма на запалка

• Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не

превиткувајте или не влечете го

• Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина,

масло и остри рабови

• Проверувајте го продолжниот кабел од време на

време и сменете го ако е оштетен (несоодветните

продолжни кабли се опасни)

ЛИЧНА ЗАШТИТА

• Не работете со косилката кога сте боси или ако

носите отворени сандали; секогаш носете цврсти

чевли и долги пантолони

• Запознајте се со контролите и со правилната

употреба на косилката

• Никогаш не косете во непосредна близина на луѓе

(особено деца) и животни

• Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од

ротирачките делови

• Стојте секогаш настрана од испустот

• Вклучувајте го моторот во согласност со упатството

и со стапалата што подалеку од сечивото

Алатот не е наменет за употреба од страна на

лица (вклучително и деца) со намалени физички,

чувствителни или ментални способности, без

искуство и познавања, освен ако не се под

надзор или ако не се обучени за употребата на

алатот од страна на лице кое што е одговорно за

нивната безбедност (локалните закони ја

одредуваат и возраста на операторот)

• Обезбедете децата да не си играат со алатот

• Работете со косилката само со одење (не трчајте)

• Одржувајте соодветно растојание на закосени

терени и не косете на исклучително стрмни терени

• Бидете исклучително внимателни кога косите

наназад или кога ја влечете косилката кон себе

ПРЕД УПОТРЕБА

• Проверувајте ја функционалноста на машината пред

секоја употреба и во случај на дефект, повикајте

квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не

отворајте ја машината сами

• Темелно проверете ја областа каде ќе се користи

косилката и отстранете ги сите цврсти предмети што

може да се зафатат и исфрлат со механизмот за

косење

• Секогаш проверувајте дали механизмот за косење е

во добра работна состојба (заменете ги истрошените

или оштетените делови)

• Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови

цврсто затегнати за да обезбедите дека косилката е

во добра работна состојба

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

• Косете само на дневно светло или со соодветно

вештачко осветлување

• Не закосувајте ја машината кога го вклучувате

моторот освен ако таа мора да се закоси при работа

во висока трева (во тој случај не закосувајте ја

повеќе од неопходното и секогаш со делот што е

подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете

раце во работната положба пред да ја вратите

машината на телото

• Проверете дали сечивото е комплетно застанато

кога ја закосувате машината за да преминете

одредена површина што не е трева и кога ја носите

до и од областа за косење

• Косете попреку на закосените терени (никога нагоре

и надолу)

• Бидете исклучително внимателни кога го менувате

правецот на закосените терени

• Никогаш не кревајте или не носете ја косилката

додека работи моторот