beautypg.com

Употреба, Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 1558 AA User Manual

Page 90: Заштита на животната средина

background image

90

Ако кабелот се оштети или пресече за време на

работата, веднаш исклучете го и не го допирајте

Ако дојде до заглавување на некое парченце дрво

во чип аутлетот, исклучете го моторот, проверете

дали сите подвижни делови се во мирување,

исклучете го приклучникот и отстранете го

заглавеното парченце

ПО УПОТРЕБА

• Причекајте делот за сечење да сопре пред да

го одложите алатот (отворениот нож може да

ја зафати површината и да доведе до губење на

контролата и сериозна повреда)

УПОТРЕБА

Менување/обратно местење на ножевите ⑥

Овој струг е опремен со издржливи ножеви со

острици од двете страни, така што кога една страна

ќе се истапи, може да се употреби другата страна

! исклучете го алатот и извадете го од

приклучокот

- земете го клучот за одвртување од лежиштето A

- свртете го алатот наопаку

- олабавете 3 навртки B со клучот (не ги вадете

навртките)

- извадете го ножот од блокот за сечење со парче

дрво

- вратете го ножот во блокот за сечење во обратна

положба, или употребете нов нож

! жлебот во ножот треба да се совпаѓа со

исфрлениот дел во блокот за сечење

! и двата краја на ножот треба да бидат еднакво

исфрлени

- затегнете 3 навртки B со клучот

! променете/заменете ги ножевите на време;

користете само остри ножеви

! секогаш сменете/заменете ги ножевите во

исто време

! не се обидувајте да ги нагодите ножевите

со навртките C од делот за сечење, коишто

претходно се нагодени при производството

Нагодување на длабочината на стружење ⑦

- вртете го регулаторот D во правецот "+"/"-" за

зголемување/намалување на длабочината на

стругање

- користете индикатор E како показател

- секогаш одберете мала длабочибна за стругање

и повторете го стружењето и процесот на

нагодување се додека не се постигне саканата

длабочина

Излез за деланки⑧

- поврзете ја правосмукалката со адаптер F за

излезот за деланките G како што е прикажано на

сликата

! не обидувајте се да отстранувате препреки кај

излезот за деланките кога ротираат сечивата

Работа со алатот

- нагодете ја длабочината на стружење

- поставете го алатот на работната површина

! проверете дали само предниот дел лежи

на работната површина, а ножевите не ја

допираат

- вклучете го алатот со притискање на копчето H ②

(= сигурносно копче кое не може да се заклучи) и

потоа со повлекување на прекинувачот J ②

! пред ножевите да ја допрат работната

површина, алатот треба да работи со полна

брзина

! додека работите, секогаш држете го алатот

за местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја

- цврсто држете го алатот со двете раце и водете го

напред со постојано притискање

- користете го алатот со основата поставена на

површината што се обработува

- не го наведнувајте алатот со цел да избегнете

траги од несакано стружење

! уредот треба да се подигне од работната

површина пред тој да биде исклучен

- исклучете го алатот со ослободување на

прекинувачот J

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

За засекување на рабовите, употребете V-жлеб во

предниот чевел ⑩

- поставете го регулаторот D на позиција "0" за

заоблени рабови слични на жлеб

- за поголемо заоблување свртете го регулаторот

D за да ја изберете потребната длабочина за

стругање

! секогаш прво испробајте на парче стар

материјал

Многу други совети можете да најдете на www.skil.

com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

Овој алат не е наменет за професионална употреба

Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење L ②)

! пред чистење извадете го алатот од

приклучокот

Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични

алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА

СРЕДИНА

• Не се ослободувајте од електични алати,

уреди или амбалажа преку нивно фрлање во

домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)

- според Европската Директива 2002/96/EC за

ослободување од електрична и електронска

опрема и нејзина имплементација во согласност

со националните закони, електричните алати кои

го достигнале крајот на својот животен век мора

да бидат собрани посебно и да бидат вратени во

соодветен објект за рециклирање

- симболот ⑪ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде

време алатот да го фрлите