beautypg.com

Употреба, Совети за примена – Skil 7405 AA User Manual

Page 90

background image

90

• Нивото на бучава додека работите може да изнесува

повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите

• Прашината од материјали како боја која содржи

олово, некои видови дрво, минерали и метали, може

да биде штетна за здравјето (контактот со

прашината или нејзиното вдишување може да

шредизвика алергии и/или болести на дишните

органи за оној кој работи со алатот или луѓето во

близина); носете маска за прашина и работете со

правосмукалки доколку можете да ги поврзете

• Некои видови на прашина се канцерогени (како на

пример прашината од даб или бука), особено заедно

со адитиви за одржување на дрвото; носете маска

за прашина и работете со правосмукалки

доколку можете да ги поврзете

• Следете ги процедурите на вашата земја за

прашината која се јавува како резултат од

материјалите со кои работите

• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна

облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)

Зацврстете го материјалот кој го обработувате

(обработка која е зацврстена со стеги или во

менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)

• При брусење на метал доаѓа до појава на искри; не

користете кесата за прашина/правосмукалка а

останатите лица и запалливи материјали треба да се

наоѓаат подалеку од местото каде се работи

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на

алатот кои се движат; кабелот држете го на задната

страна, на страна од алатот

• Не допирајте го брусниот диск кој се движи

• Во случај да дојде до електричен или механички

дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од

приклучокот

• Ако кабелот се оштети или пресече за време на

работата, веднаш исклучете го и не го допирајте

ПО УПОТРЕБА

• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го

моторот и проверете дали сите подвижни делови се

застанати

УПОТРЕБА

• Потпорни перничиња

- никогаш не користете го алатот без потпорната

подлошка A

! веднаш заменетеи ги оштетените потпорни

перничиња (олабавете/стегнете ги 4 штрафа B)

! исклучете го алатот од струја пред

отстранување/вметнување на потпорните

перничиња

• Поставување на брусните дискови

- поставете го брусниот диск C на потпорното

перниче, така што перфорацијата на дискот за

брусење да е соодветна со перфорацијата на

потпорното перниче

- доколку е потребно, најпрво исчистете го

потпорното перниче

! за вшмукување на прашина е потребен

перфориран диск за брусење

• Вшмукување прашина 4

За оптимално собирање на прашина

- монтирајте кеса за прашина E

- редовно празнете ја кесата за прашина

! не користете ја кесата за прашина за

собирање прашина кога брусите метал

• Вклучено/Исклучено

- поставете го алатот со целосната брусна

површина на местото каде ќе работите, пред да го

вклучите алатот

- за време на вклучувањето не е потребно да се

примени притисок на алатот

- алатот вклучете/исклучете го со повлекување/

пуштање на прекинувачот F

! внимавајте на повратната сила од алатот при

вклучување

! уредот треба да се подигне од работната

површина пред тој да биде исклучен

• Блокирање на прекинувачот 5

- повлечете го прекинувачот F

- притиснете го копчето G со палецот

- пуштете го прекинувачот

- отклучете го прекинувачот со повторно

повлекување на прекинувачот F и отпуштање

• Држење и насочување на алатот 6

! додека работите, секогаш држете го алатот за

местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја

! не применувајте многу притисок врз алатот и

оставете ја површината за чистење да ја

заврши работата за вас

- водете го алатот паралелно со работната

површина и движете го во кругови или во

вкрстување

- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на

несакани траги од брусењето

- отворите за ладење K 2 држете ги отворени

• Брусење

- количината на отстранетиот материјал ја

определува брзината на дискот за брусење

- брзината на дискот за брусење го намалува

притисокот кој се врши на алатот

• Помошна рачка

- олабавете ја завртката J речиси до крај

- поместете ја рачката H надолу, до саканата

положба

- силно прицврстете ја завртката

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• За определување на префинетоста на брусењето,

табелата 7 може да се користи како упатство

! секогаш прво испробајте на парче стар

материјал

• Отстранете го додатокот за прашина D за време на

брусењето, за обработка на тешко достапни места
8

• Многу други совети можете да најдете на www.skil.

com