beautypg.com

Одржување, Отстранување на проблеми, Чистење на телевизорот – LG 32LN613S User Manual

Page 510: Внимание, Екран, рамка, куќиште и држач, Кабел за напојување

background image

27

М

М

МАКЕДОНСКИ

ОДРЖУВАЊЕ / ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

ОДРЖУВАЊЕ

Чистење на телевизорот

Редовно вршете чистење на вашиот телевизор за да добиете најдобри перформанси и да го

продолжите работниот век.

ВНИМАНИЕ

y Прво, не заборавајте да го исклучите напојувањето и да го откачите кабелот за напојување и сите други кабли.

y Кога телевизорот треба да биде оставен без надзор или нема да се користи подолго време, откачете го кабелот

за напојување од ѕидниот штекер за да спречите можно оштетување од гром или струјни удари.

Екран, рамка, куќиште и држач

y За да извршите отстранување на прав и мали нечистотии, избришете ја површината со сува чиста и мека ткаенина.

y За да извршите отстранување на поголеми нечистотии, избришете ја површината со мека ткаенина натопена во

чиста вода или разреден мек детергент. Веднаш потоа пребришете со сува ткаенина.

ВНИМАНИЕ

y Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може да резултира во оштетување на екранот.

y Немојте да ја триете или удирате површината на екранот со вашите нокти или остри предмети, бидејќи

тоа може да предизвика гребење на екранот и изобличување на сликата.

y Немојте да користите какви било хемиски средства бидејќи тие може да го оштетат производот.

y Немојте да прскате течност на површината. Доколку во телевизорот навлезе вода, може да дојде до

пожар, електричен удар или неисправност.

Кабел за напојување

Редовно отстранувајте ја акумулираната прашина и нечистотиите од кабелот за напојување.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА пРОБЛЕМИ

проблем

Решение

Не е можно

управување на

телевизорот со

далечинскиот

управувач.

y Проверете го сензорот за далечинско управување на производот и обидете се повторно.

y Проверете дали помеѓу производот и далечинскиот управувач има некаква пречка.

y Проверете дали батериите сè уште работат и дали се правилно поставени ( со , со

).

Нема приказ на слика

и не се емитува звук.

y Проверете дали производот е вклучен.

y Проверете дали кабелот за напојување е поврзан на ѕидниот штекер.

y Проверете дали има проблем со ѕидниот штекер преку поврзување на други уреди.

Телевизорот

ненадејно се

вклучува.

y Проверете ги поставките за контрола на напојувањето. Напојувањето може да има прекин.

y Проверете дали функцијата за автоматско мирување е активирана во поставките за време.

y Доколку нема влезен сигнал кога телевизорот е вклучен, телевизорот автоматски ќе се

исклучи по 15 минути неактивност.

При поврзување

со PC (HDMI DVI),

се прикажува

‘Нема сигнал’ или

‘Неважечки формат’.

y Исклучете/вклучете го телевизорот со помош на далечинскиот управувач.

y Повторно поврзете го HDMI кабелот.

y Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.

This manual is related to the following products: