Ostrzeżenie, Предупредување, Вовед – LG GSL545NSQV User Manual
Page 312
3
Uwięzienie
dziecka w
lodówce
Nie
przechowywać
Uziemienie
Nie używać
przedłużaczy
OSTRZEŻENIE
OSTRZEŻENIE
OSTRZEŻENIE
OSTRZEŻENIE
Dostęp do
wtyczki
Wymiana
przewodu
zasilającego
2-MFL67788701_POLISH.indd 3
2013.5.3 1:51:25 PM
Вовед
Моделот и сериските броеви се наоѓаат на внатрешната страна од задниот
дел или на една од страните на фрижидерот. Овие броеви се единствени за
овој уред и не им се ставени на располагање на други уреди. Вие треба да
ги запишете потребните информации овде и да го чувате овој прирачник
како траен доказ за вашето купување. Сметката прикачете ја овде.
Пред употреба, овој фрижидер мора правилно да се монтира и постави во согласност
со упатствата за монтажа во овој документ. Овој фрижидер е наменет само за
домашна употреба во внатрешни услови.
Никогаш не исклучувајте го вашиот фрижидер со повлекување на кабелот за струја.
Секогаш цврсто држете го приклучокот кога го вадите од штекерот.
Кога го преместувате вашиот уред подалеку од ѕидот, внимавајте да не го прегазите
кабелот за струја или да не го оштетите на друг начин.
Откако ќе го ставите во функција вашиот фрижидер, не допирајте ги ладните
површини во преградата за замрзнување, особено кога рацете ви се влажни или
водени. Постои опасност кожата да ви се залепи на овие екстремно ладни површини.
Извадете го приклучокот од штекер кога го чистите или одржувате. Никогаш не
допирајте го уредот со влажни раце затоа што постои опасност да претрпите струен
удар или некоја повреда.
Никогаш немојте да го оштетувате, притискате, силно да го превиткувате, влечете
или виткате кабелот затоа што оштетен кабел може да предизвика пожар или струен
удар. Никогаш не допирајте го кабелот доколку не сте сигурни дали е правилно
заземјен.
Осигурувачот на фрижидерот мора да го замени квалификуван техничар или
компанија за сервис.
- Инаку може да дојде до струен удар или телесна повреда.
Никогаш не ставајте стаклени предмети во замрзнувачот затоа што можат да се
скршат заради ширење на нивната содржина при замрзнување.
Никогаш не ставајте ги вашите раце во садот за автоматско правење мраз затоа што
може да се повредите при неговото работење.
Уредот не е наменет за користење од страна на мали деца или лица со намалени
ментални способности без надзор.
Малите деца треба да бидат под надзор за да бидете сигурни дека нема да си играат
со уредот.
Никогаш не дозволувајте кој било да се качува, да седи, стои или да се беси на
вратата на центарот за освежување. Овие активности можат да го оштетат
фрижидерот па дури и да го превртат, што може да предизвика тешки телесни
повреди.
ОПАСНОСТ: Ризик од затворање на деца.
Пред да го расходувате вашиот стар фрижидер, извадете ги вратите, но
оставете ги на место полиците, за да не можат деца да се качуваат внатре.
Овој уред не треба да се користи од лица (вклучувајќи деца) со намалени
физички, сетилни или ментални способности, или лица кои немаат искуство и
познавање, освен ако не се под надзор или постапуваат според упатства како да
го користат уредот, од страна на лице кое е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор за да бидете сигурни дека нема да си играат
со уредот.
Не чувајте, не користете бензин или други запаливи гасови и течности во
близина на овој или кој било друг уред.
Во случај на краток спој, заземјувањето го намалува ризикот од струен удар со
тоа што обезбедува излезна жица за електричната струја.
За да спречите можен електричен удар, овој уред мора да го заземјите.
Несоодветното поврзување на штекерот за заземјување може да предизвика
струен удар. Советувајте се со квалификуван електричар или сервисен техничар
доколку упатствата за заземјување не ги разбирате целосно, или доколку не сте
сигурни дали уредот е правилно заземјен.
Не го поместувајте ладилникот додека работи.
Кај компресорот може да настане привремен звук на тропање.
(Тоа е нормално и нема да влијае врз работата или животниот век на
компресорот. Тропањето ќе престане откако ладилникот ќе се смири.)
Ве советуваме овој уред да го приклучите во независен штекер за да спречите
другите уреди да ја оптоварат мрежата и да настане прекин во напојувањето.
Уредот треба да се постави така што штекерот да биде лесно пристапен за брзо
исклучување доколку настане некаква несреќа.
Доколку се оштети кабелот за струја, тој мора да се замени со нов од страна на
производителот или негов овластен сервис или слично квалификувано лице за
да се избегне опасност.
Немојте ниту да го менувате ниту да го продолжувате кабелот за струја. Тоа
може да предизвика струен удар или пожар.
Поврзете ја приклучницата во правилна позиција така што кабелот да виси
надолу.
- Ако ја поврзете приклучницата наопаку, може да дојде до пресекување на жица
и да се предизвика пожар или струен удар.
Осигурајте се приклучницата да не е згмечена или оштетена на задниот дел од
фрижидерот.
Затворање на
деца
Не чувајте
Заземјување
Не користете
продолжен кабел
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пристапност до
штекерот
Набавете кабел
за замена
МАКЕ
Д
ОНСКИ