Безбедносни упатства, Предупредување – LG 47LN613S User Manual
Page 484
4
ММ
МАКЕДОНСКИ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
БЕЗБЕДНОСНИ УпАТСТВА
Пред да го користите производот прочитајте ги внимателно овие безбедносни мерки на
претпазливост.
пРЕДУпРЕДУВАЊЕ
y
Не поставувајте ги телевизорот и далечинскиот управувач во следните
опкружувања:
- Места изложени на директна сончева светлина
- Област со висока влажност како бања
- Во близина на извори на топлина како печки и други уреди кои емитуваат
топлина
- Во близина на работни маси во кујни или развлажнувачи каде лесно може
да бидат изложени на пареа или масло
- Области изложени на дожд или ветер
- Во близина на садови со вода како вазни
Во спротивно, тоа може да предизвика пожар, електричен удар, неисправно
функционирање или деформирање на производот.
y
Не поставувајте го производот на места каде може да биде изложен на
прашина.
Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.
y
Приклучокот за електрична мрежа треба да служи како елемент за
исклучување. Приклучокот треба да може веднаш да се употреби.
y
Не допирајте го струјниот кабел со влажни раце. Покрај тоа, доколку
приклучоците на кабелот се влажни или покриени со прашина, исушете го
целосно приклучокот на електричниот кабел или избришете ја прашината.
Може да добиете струјен удар како резултат на преголема влажност.
y
Водете сметка струјниот кабел да го поврзете на заземјена струја. (Освен за
уреди кои не се заземјуваат.)
Во спротивно, може да се случи да ве удри струја или да бидете повредени.
y
Кабелот за струја вметнете го целосно.
Доколку струјниот кабел не биде целосно вметнат, може да избувне пожар.
y
Внимавајте струјниот кабел да не дојде во допир со жешки предмети како на
пр. греалка.
Тоа би можело да предизвика пожар или опасност од електричен удар.
y
Не поставувајте тежок предмет, или самиот производ, на кабелот за
напојување.
Во спротивно, би можело да дојде до пожар или електричен удар.
y
Превиткајте го кабелот на антената помеѓу внатрешниот и надворешниот дел
од зградата за да се спречи протекување на дождот во кабелот.
Тоа би можело да предизвика оштетување заради водата во производот и
електричен удар.
y
При поставување на телевизорот на ѕид, внимавајте на неговата задна страна
да не се протегаат каблите за напојување и сигнал.
Тоа би можело да предизвика пожар или електричен удар.