beautypg.com

Технички податоци, Информации за бучава/вибрации, Изјава за сообразност – Bosch GWS 15-125 CIEP Professional User Manual

Page 186: Монтажа и користење

background image

186 | Македонски

1 609 92A 0ED | (26.8.13)

Bosch Power Tools

Технички податоци

Техничките податоци за производот се дадени во табелата
на страна 251

–252.

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти.
Овие податоци може да отстапуваат при различни напони,
во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Мерните вредности на производот се дадени во табелата
на страна 251

–252.

Вкупните вредности на бучава и вибрации (векторски
збир на трите правци) се дадени во согласност со
EN 60745.

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој

уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.

Изјава за сообразност

Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2011/65/EU,
2004/108/EC, 2006/42/EC.

Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen

Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
27.08.2013

Монтажа и користење

Следната табела ја прикажува постапката при монтажа и работа со електричниот апарат. Упатствата за користењето се
прикажани на дадената слика. Во зависност од видот на примената, потребни се различни комбинации на упатства.
Внимавајте на безбедносните напомени.

Henk Becker
Executive Vice President
Engineering

Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9

Цел на користењето

Слика Внимавајте

Страна

Подготовка за брусењето

1

253 – 254

Подготовка за сечење

2

255 – 256

Подготовка за сечење камен и
плочки (препорака)

3

257 – 258

Подготовка за брусење со хауба
за вшмукување

4

259 – 260

30°

OBJ_BUCH-1660-005.book Page 186 Monday, August 26, 2013 3:30 PM