Совети за примена, Одржување/сервисирање, Заштита на животната средина – Skil 2016 AA User Manual
Page 110

110
ВАЖНО:
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- кај температури пониски од 0°C и повисоки од
40°C треба да се избегнува полнење; со тоа може
да се оштети полначот и акумулаторската батерија
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
! новата акумулаторска батерија или онаа што
не се користела подолго време, ќе даде свој
полн ефект приближно по 5 циклуси полнење/
празнење
- акумулаторската батерија не смее повторно
да се полни по секоја кратка работа; тоа може
да резултира со скратување на нејзиниот век
на траење и намалување на ефикасноста на
акумулаторската батерија
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
• Вклучено/Исклучено ⑫
• Закочување на прекинувачот за лесен старт ⑬
• Промена на насоката на ротација ⑭)
- ако левата/десната позиција не легнат како
што треба, прекинувачот A ② нема да може да
стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
• Промена на бургиите ⑮
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
• Контрола на вртежниот момент (VariTorque) ⑯
- го ограничува вртежниот момент на стегачката
глава (21 местење на спојката)
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
• Држење и насочување на алатот ⑰
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење E ② држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни бургии ⑱
! употребувајте само остри бургии
• При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
• При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
• За оптимална употреба на апаратот потребен е
постојан притисок на завртката, особено во текот на
одвртувањето
• При завртување на завртката во тврдо дрво
претходно треба да се издупчи дупка
• Дупчење на дрво без разлистување ⑲
• Дупчење на дрво без прашина ⑳
• Дупчење на таван без прашина ㉑
• Дупчење на плочки без лизгање
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш одржувајте го чист апаратот и
полначотKeep tool and charger clean
- исчистете ги контактите на полначот или со
алкохол или со чистач за контакти
! пред чистењето на полначот треба да се
извлече неговиот мрежен приклучок
• Доколку алатот/полначот и покрај внимателното
работење и контрола некогаш откаже, поправката
мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за
електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
или полначот нерасклопен[/], заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач
или најблискиот SKIL сервис (адресите се
наведени на www.skil.com)
- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот
и батеријата на застапникот или во сервис на
SKIL
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди или
амбалажа преку нивно фрлање во домашното ѓубре
(само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑨ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
• Акумулаторската батерија треба прописно да
се отстрани во отпад и не смее да се фрла во
домашниот отпад (на тоа потсетува симболот ⑩)
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините полови