beautypg.com

Животна средина, Гаранција и сервис – Gorenje CMO-200 DWII User Manual

Page 39

background image

39

на печката, внимавајте вода или друга течност да не дојде во отворите
за вентилација.

4.

Внимавајте да не се намокри управувачката плоча. Чистете ја со мека и
влажна крпа. Не употребувајте средства за чистење, груби алати или
средства во спреј.

5.

Ако се собере пареа на надворешната или на внатрешната страна на
вратата, избришете ја со мека крпа. Оваа појава е можна кога
микробрановата печка работи во многу влажна околина и не значи
дефект или проблем во работата.

6.

Повремено извадете ја стаклената подлога, односно послужавник и
исчистете го. Можете да го измиете во топла вода со малку средство за
чистење или во машина за миење садови.

7.

Обрачот-лежиште и дното на внатрешноста (комора) треба редовно да
се чистат за да се избегне бучавата при работа. Измијте ја површината
на дното на печката со благо средство за чистење, со вода или со
средство за стакло и избришете ја додека не стане сува. Со редовна
употреба се собира влага што излегува од храната, но тоа не влијае на
површината на внатрешноста или на обрачот-лежиште.

8.

Кога го отстранувате обрачот од отворот, внимавајте подоцна правилно
да го наместите.

9.

Евентуалната миризба во печката можете да ја отстраните така што во
длабок сад за микробранова печка ќе исцедите сок од еден лимон и во
него ќе ја ставите кората од лимонот. Сето заедно се готви пет минути, а
потоа печката темелно се брише со сува крпа.

10.

Ако треба да се замени светилката во печката, посоветувајте се со
продавачот, односно со овластениот сервисер.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална
колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува
животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме
контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја
(види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема
таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje
делот за мали апарати за домаќинство. Не е за комерцијална употреба!

ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА

МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА